Франсоа Оланд

Франсоа Оланд (2015)

Франсоа Жерар Жорж Никола Оланд (фр. François Gérard Georges Nicolas Hollande, р. 12 август 1954) — француски политичар и претседател на Франција. Во периодот од 1997 до 2008 година генерален секретар на Социјалистичката партија. Во првиот круг на претседателските избори, спроведени на 22 април 2012 година, Оланд добива најголем број гласови и се рангира за противник на тогашниот претседател Никола Саркози во вториот круг, одржан на 6 мај 2012, кога Оланд е избран за претседател на републиката, добивајќи 51,7 % од гласовите.

Биографија и политичка кариера

Оланд е роден на 12 август 1954 година во Руан. Во 1988 година е избран за пратеник, а во 1997 застанува на чело на Социјалистичката партија. Од 2001 до 2008 година е градоначалник на Тил, а потоа застанува на чело на Општинскиот совет на департманот Корез. Долги години тој живее со Сеголен Роајал, кандидатка на социјалистите за претседател во 2007 година, со која имаат четири деца, но се разведуваат по претседателските избори, кои таа ги губи. Во 2008 година Оланд го заменува Мартин Обри како челник на партијата.

На 16 октомври 2011 година Оланд ги добива предвремените избори во својата партија со 56% мнозинство и е избран за кандидат за претседателските избори во 2012 година.

Категорија:All stub articlesКатегорија:Никулци за Франција Категорија:All stub articlesКатегорија:Никулци за биографии Категорија:Родени во 1954 година Категорија:Француски политичари Категорија:Француски правници Категорија:Француски социјалисти Категорија:Претседатели на Франција Категорија:Носители на Големиот крст на Легијата на честа Категорија:Живи луѓе
Категорија:All stub articles Категорија:Википедија:Статии со нормативна контрола (BIBSYS) Категорија:Википедија:Статии со нормативна контрола (BNF) Категорија:Википедија:Статии со нормативна контрола (GND) Категорија:Википедија:Статии со нормативна контрола (ISNI) Категорија:Википедија:Статии со нормативна контрола (LCCN) Категорија:Википедија:Статии со нормативна контрола (MusicBrainz) Категорија:Википедија:Статии со нормативна контрола (VIAF) Категорија:Живи луѓе Категорија:Никулци за Франција Категорија:Никулци за биографии Категорија:Носители на Големиот крст на Легијата на честа Категорија:Претседатели на Франција Категорија:Родени во 1954 година Категорија:Француски политичари Категорија:Француски правници Категорија:Француски социјалисти