Гравитациски бран — бранување на закривеноста на време-просторот кој се придвижува како бранови, кои се движат од изворот. Можноста за постоење на гравитациски бранови е првпат спомната во 1893 година од страна на Оливер Хевисајд кој ја искористил споредбата меѓу обратнопропорционалноста на квадратот на законите за гравитација и електричество. Во 1905 година Анри Поанкаре прв ги преложил гравитациските бранови (ondes gravifiques) кои се оддадени од тела и се движат со брзина на светлината според Лоренцовите трансформации. Нивното постоење е предвидено во 1916 година од страна на Алберт Ајнштајн врз основа на теоријата на општата релативност, гравитациските бранови ја пренесуваат енергијата како „гравитациско зрачење“. Постоењето на гравитациските бранови е можна последица на Лоренцовата коваријанса на општата релативност бидејќи ја воведува идејата за конечна брзина на движењето и физичките заемодејства со тоа движење. За споредба, гравитациските бранови не можат да постојат во Њутновата теорија за гравитација, која тврди дека физичките заемодејства се движат со бесонечни бризини.
... дека песната „Благуњо дејче, пожаранче“ ја опева неостварената љубов на Аце Абаџијата кон познатата убавица Благуња Ѓолова (1889 - 1956), родум од гостиварско Пожаране?
... врвот на вулканот Чимборасо во Еквадор е најоддалечената точка на Земјата од нејзиното средиште?
... дека хемискиот елемент индиум (In) не е наречен по Индија, туку по бојата индиго која ја оддава при спектроскопско набљудување?
Првата воопшто моторизирана трка се одржала во Франција, на 128-километарски пат помеѓу Париз и Руан. Победил Албер де Дион, основачот на Тур де Франс.
Пропадна првиот американски обид за лансирање автоматска сонда на Венера. Ракетата лансирана од Кејп Канаверал на Флорида ја промени насоката и по неколку минути експлодира.
Најголемиот колумбиски производител и трговец со дрога Пабло Ескобар побегнал од затвор. Убиен е во декември следната година во Медељин, во престрелка со полицијата.